Утрински Весник
Спорт

Салах: Бајчетиќ е нашиот најдобар играч

Салах: Бајчетиќ е нашиот најдобар играч

Ливерпул го победи Евертон со 2:0 на „Енфилд“ во градското дерби од 23. коло на Премиер лигата. Избраниците на тренерот Јирген Клоп доживеаја три порази на последните четири натпревари, но со победата во градското дерби ја вратија надежта за добар крај на сезоната.

dobivaj vesti na viber

По мечот тема во Англија е 18.годишниот играч на Ливерпул, Стефан Бајчетиќ. За многумина тој беше најдобар на теренот, а доби пофалби од менаџерот Јирген Клоп и напаѓачот Мохамед Салах.

„Стефан е одлична личност и врвен играч. Тој дава се од себе на секој натпревар. Откако почна да игра за нас, тој е најдобриот играч во тимот“, изјави Салах по натпреварот.

Стефан Бајчетиќ е роден во Виго кога неговиот татко Срѓан, поранешен играч на Црвена звезда го носеше дресот на Селта. Има шпански пасош и досега играл за младинските селекции на Шпанија.

Можете да прочитате

Русија се враќа на светските првенства во хокеј на мраз

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката