Утрински Весник
Свет

Столтенберг: НАТО не влегува во конфликт ако испрати авиони во Украина

Столтенберг: Безбедноста на Косово е клучот за стабилноста на Западен Балкан

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави денеска за време на прес-конференција дека не гледа „никаков знак дека Владимир Путин се подготвува за мир“ и додаде: „Она што го гледаме е дека Путин и Русија сè уште сакаат да ја контролираат Украина. Гледаме дека испраќаат повеќе повеќе војници, повеќе оружје“.

dobivaj vesti na viber

Украина се подготвува за нова голема руска офанзива и наведува дека и се потребни модерни борбени авиони и ракети со долг дострел за да ја одбие.

Столтенберг денеска изјави дека министрите за одбрана на членките на НАТО ќе разговараат дали да испратат авиони во Украина за време на дводневниот состанок во Брисел оваа недела.

Тој додаде дека во случај на испраќање авиони во Украина, „НАТО нема да стане дел од конфликтот“.

Можете да прочитате

Иран дозволи 20 пакистански бродови да поминат низ Ормуската Теснина

Украдени се над 400.000 KitKat чоколадца

Хутите извршија напади врз Израел, ексалира војната на Блискиот исток