Утрински Весник
Македонија

„Ова е оцрнување на акцијата“, смета еден од организаторите по фотографиите со скинатите гаќи и отпадот дониран за Турција и Сирија

„Ова е оцрнување на акцијата“, смета еден од организаторите по фотографиите со скинатите гаќи и отпадот дониран за Турција и Сирија

Оцрнување на акцијата се фотографиите со скинатата долна облека. Ова го смета Али Февзи, еден од организаторите на хуманитарната акцијата за Турција и Сирија. Според него, со објавувањето на фотографии преку кои се реагира што наместо донации се остава отпад како помош за настраданите во земјотресот – се оцрнува трудот на волонтерите.

dobivaj vesti na viber

„Одредени луѓе сакаат да ја понижат акцијата со сликите од отпадот. Ова е блокада за нас. Не е убаво да се понижува хуманоста и хуманитарни акции. Комунална хигиена е на терен, нормално е по толку донации да има и отпад.“, вели Февзи.

Според него отпадот се чисти од донациите. Додава дека е нормално е да го има, по што потенцира: „акција од ваков тип немало ниту од самостојна Македонија“.

„Отпадот се чисти. Ние имаме своја екипа. Овој отпад е тоа што останало а е непотребно, не можеме да испратиме скинати работи или извалкани. Некои луѓе донеле непотребни работи само за да го извадат ѓубрето од дома. Важно е да се испратат што повеќе корисни работи и да се помогне на луѓето настрадани по земјотресот во Турција“, додава Февзи, еден од организаторите.

Можете да прочитате

(Видео) Се шири пожарот кај Октиси

Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен, благодарност до пожарникарите

Од 2026 година нова методологија за финансирање на основното и средното образование, фокусот на квалитет и инклузивност