Утрински Весник
Македонија

Променливо време со температура од -7 до +12 степени

Променливо време со температура од -7 до +12 степени

Времето денеска наутро ќе биде умерено до значително облачно, особено во западните делови. Уште од претпладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност.

dobivaj vesti na viber

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до -1, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.

Во Скопје и во околината наутро со умерена облачност, во текот на денот сончево. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне +8 степени.

Следува период на стабилно време со повеќе сончеви периоди и со постепен пораст на дневната температура.

Во вторник ќе дува засилен ветер од северен правец.

 

Можете да прочитате

Жално е што Црвенковски не е во политиката вели Дамјановски

АВМУ ќе врши мониторинг на медиумското известување во предизборниот период

ДМ ги демантира граѓаните и веста дека се ограбени на интернет ја нарече лажна вест