Англискиот пејач Хари Стајлс ја освои наградата за албум на годината на овогодинешното доделување на „Brit Awards 2023“ во Лондон.
Стајлс ја доби наградата за албумот „Harry’s House“, пренесува Reuters. Стајлс, кој е и текстописец и актер, ја освои наградата за песната на годината за „As it was“ и уметник на годината.
Стајлс, кој заедно со инди рок дуото Вет Лег ги предводеше номинациите со по четири изданија, ја доби наградата за најдобар поп/ритам и блуз изведувач. За група на годината и за најдобар изведувач беа прогласени Вет Лег.
Бијонсе беше прогласена за меѓународен уметник на годината, награда за една од двете родово неутрални категории воведени минатата година, откако организаторите ја укинаа разликата помеѓу жените и мажите. Таа ја освои и наградата за меѓународна песна на годината за песната „Break my soul“.