Турскиот прволигаш Хатајспор истапи од Суперлигата која е прекината за десетина дена поради катастрофалниот земјотрес, објави првиот човек на турската федерација Мехмет Бујукекси. Тој најави дека можно е и Газијантеп да се откаже, а во овој клуб член е македонскиот репрезентативец до 21 година, Лука Станковски.
„Денеска од Хатајспор ни пратија писмо. Нѐ информираа дека нема да ги играат мечевите до крајот на сезоната. Ако и Газијантеп сака да истапи, тогаш ќе видиме, но планираме да продолжиме со 17 екипи. Правата на овие два клуба остануваат со прволигашки статус, поради објективните причини“, изјави Бујукекси.
Хатајспор доаѓа од градот Антакја, кој е еден од најразурнатите во катастрофалниот земјотрес кој ја погоди југоисточна Турција.