Утрински Весник
Свет

(Видео) Како спасувачите трагаат по преживеани под урнатините

(Видео) Како спасувачите трагаат по преживеани под урнатините

Спасувачите од цела Турција четврти ден трагаат по преживеани под урнатините по разорните земјотреси што го потресоа регионот.

dobivaj vesti na viber

Досега загинале повеќе од 17.000 луѓе, но чуда сè уште се случуваат и спасувачите наоѓаат преживеани деца и семејства под урнатините.

На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како спасувачите одлучуваат дали да почнат да копаат под некои урнатини или не.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by İzzet Çapa (@izzetcapa)

На цел глас заедно извикуваат: „Дали нè слушаш?“, па се надеваат дека ќе го слушнат гласот што живот значи.

И спасувачи од Македонија заминаа во Турција за да им помогнат на своите колеги во потрагата по жртвите од земјотресот.

Можете да прочитате

Кубанскиот претседател повикува на воена подготвеност на островот поради американските закани

Мелони запрепастена од изјавите на Трамп за војниците на НАТО во Авганистан, бара „почитување на улогата на сојузниците“

СЗО жали за повлекувањето на САД