Утрински Весник
Магазин

Ди Каприо наиде на остри критики поради врската со 19-годишна манекенка

Ди Каприо наиде на остри критики поради врската со 19-годишна манекенка

Леонардо ди Каприо е жестоко критикуван поради наводната романса со израелскиот модел Еден Полани, која е 29 години помлада од него.

dobivaj vesti na viber

Ѕвездата на „Титаник“ (48) претходно се соочуваше со негодувања во јавноста поради неговото бизарно правило да почнува романса само со жени помлади од 25 години, а сега тој се соочува со бурни реакции поради наводната врска со младата Израелка.

ТВ-водителката Мегин Кели е меѓу многуте јавни личности што не ја одобруваат врската нагласувајќи дека Полани може да му биде ќерка.

„Тој сега излегува со тинејџерка, буквално тинејџерка. Секоја недела го има во вестите за тоа како нема да излегува со ниту една девојка постара од 25 години. Ако сака, тоа ќе биде вест“, рече Кели.

„И сега тој, всушност, спадна до тинејџер. Таа буквално може да биде негова ќерка“, додаде таа во својот поткаст „Шоуто на Мегин Кели“ на „Сириус икс-ем“.

Понатаму, исмевајќи се со неговиот изглед, Кели рече: „Ди Каприо старее полошо од Мадона“, пред да додаде: „Тој е подуен, може слободно да му кажете на овој човек дека премногу се забавува“.

„Тој е преголем и изгледа како да е надуен. Престани да пиеш алкохол“, му порача Кели и додаде дека неговата навика да излегува со помлади жени е жалосна.

„Овој човек никогаш нема да ја почувствува радоста да запознае личност во која може да се вљуби и да изгради семејство“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста