Утрински Весник
Македонија

Помош од Општина Аеродром за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

Помош од Општина Аеродром за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

Советот на Општина Аеродром на вонредна седница која се одржа синоќа донесе одлука за донирање парични средства за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија.

dobivaj vesti na viber

Освен парична помош општината Аеродром ги става на располагање сите свои расположливи капацитети, а во насока на побрзо надминување на состојбата во која се наоѓаат погодените градови од земјотресот.

„Денешната седница беше свикана на иницијатива на градоначалникот Муцунски. Хуманоста во вакви моменти е важна. Турција е наша пријателска земја и токму поради ова од буџетот на општина Аеродром одвоивме парични средства со кои пружаме рака за помош и помагаме на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија“, истакна претседателот Митески по завршување на седницата.

Општина Аеродром уште еднаш упатува искрено сочувство до семејствата на загинатите во земјотресот, а на повредените им посакува побрзо закрепнување.

Можете да прочитате

Полициска акција во Скопје: Во „голф“ откриени околу 230.000 евра, двајца приведени од Косово

Приведени двајца косовски државјани за „фалсификување пари“, пронајдени околу 230.000 евра

Инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство во фокусот на средбата Николоски – Варнс