Утрински Весник
Свет

(Видео) Трогателен разговор меѓу девојче заробено под урнатините и спасувачите

(Видео) Трогателен разговор меѓу девојче заробено под урнатините и спасувачите

Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по преживеани во урнатините по разорните земјотреси што ја погодија турско-сириската граница.

dobivaj vesti na viber

Бројот на загинати постојано се зголемува и сега се искачи на повеќе од 16.000.

Постојано доаѓаат видеа со чудни сториии и спасувања, пренесуваат медиумите во регонот. Едно од нив е спасувањето на осумгодишното девојче Зубејда, кое беше извлечено од урнатините во турскиот регион Кахраманмарас, три дена од разорниот земјотрес.

„Како влеговте во куќата?“, ги праша девојчето Зубејде членовите на спасувачката екипа.

“Преку прозорецот. Ги видовме прозорците и почувствувавме прекрасен мирис од куќата и помисливме дека Зубејде мора да биде таму. Знаеш дека игравме криенка? Па, сега те најдов“, ѝ рекол еден спасувач.

„Издржи, душо, наскоро ќе заврши“, му рекол спасувачот на малото девојче додека го вадел од под урнатините.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во 10-те региони најпогодени од земјотресите.

Можете да прочитате

„Ако мојата ќерка забремени од силување, треба да го роди детето“ – скандалозен став на починатиот Чарли Кирк по однос на прашањето за абортус

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Трамп постхумно ќе го одликува Кирк со Претседателски медал на слободата