Утрински Весник
Економија

Кавадарци, Кожувчанка и Фондацијата „Никола Јанчев“ со донација за Турција и Сирија!

Кавадарци, Кожувчанка и Фондацијата „Никола Јанчев“ со донација за Турција и Сирија!
Img 5587

Веднаш по потресната вест за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија, Советот на Општина Кавадарци и Градоначалникот на Општина Кавадарци свикаа седница на која се обезбедија 900.000 денари помош!

dobivaj vesti na viber

Општина Кавадарци вчера вечерта ја одржа вонредната, шеста по ред седница на Советот на Општина Кавадарци, со цел одобрување на финансиска помош од буџетот на Општина Кавадарци за погоденото население од земјотресот во Република Турција и Сирија. На почетокот од седницата Советниците со едноминутно молчење оддадоа почит на загинатите во земјотресот.

Img 5587

Едногласно беше одлучено сума од 600.000 денари да биде уплатена на трансакциона сметка добиена од Турската амбасада за настраданите во Р.Турција, а сума од 300.000 денари да биде уплатена на сметката на Црвен Крст на РСМ со намена за настраданите од земјотресот во Сирија.

На седницата, Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев информираше дека на помошта, дополнително ќе се приклучи и Компанијата Кожувчанка од Кавадарци и Фондацијата Никола Јанчев испраќајќи денес и утре 10 шлепери со вода за пиење кон настраданите. Пет шлепери се донација од Кожувчанка и Фондација Никола Јанчев, а пет од почесниот конзул на Р. Турција во Битола господинот Ајдован Адемоски.

На крај беше упатен и отворен апел до граѓаните и пред сите, до бизнис секторот, за организирано прибирање на финансиска и материјална помош за настраданите подрачја, со напомена дека по медиумите ќе биде објавен списокот на материјални добра кои се потребни и кои може да се собираат.

Можеме заедно!

Да помогнеме во овие тешки моменти за Турција и Сирија со својата солидарност и хуманост на дело!

ПР

Ss1

Можете да прочитате

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром

РКЕ: Минатата година само 2,75 проценти од струјата била обезбедена од увоз