Утрински Весник
Свет

Вучиќ за обвинувањата дека пијан испратил порака на Инстаграм: Никогаш не сум испил шолја кафе, не сум запалил цигара, ниту пак сум пробал дрога

(Видео) Вучиќ: Србија и нејзините интереси мора да бидат пред партиските

Српскиот претседател Александар Вучиќ, зборуваше за својата видео порака објавена вчера на својот Инстаграм профил, за која некои оценија дека е снимена под дејство на алкохол.

dobivaj vesti na viber

„ Кога ќе им кажете на странските агенти, како оние со кои разговарав во тој момент, дека лажат и кажуваат лаги, секогаш ќе ви кажат дека сте пијани и под дејство на дрога. Никогаш во животот не сум испил шолја кафе, никогаш во животот не сум запалил пура или цигара, никогаш во животот не сум видел никаква дрога“, рекол Вучиќ, а потоа раскажа анегдота од детството.

„ Кога имав 17 години, имаше натпревар меѓу Железничар и Црвена звезда. Купот беше… Некој натпревар, отидовме во среда. Тогаш видов некои момци како дуваат лепак за прв и последен пат и се замешав со нив, а да не зборувам што се случи потоа. Беше некаде помеѓу Адашевац и Винковци. Никогаш во животот не сум видел или вкусил повеќе. Сакам само да им кажам на луѓето да видат какви лажговци се“, изјави Вучиќ.

Тој изјави дека ваквите напади врз него „немаат крај, ниту пак некогаш ќе завршат“.

Можете да прочитате

Речиси 70 проценти од Американците се незадоволни од образовниот систем

Велика Британија вети дека ќе обезбеди 100 милиони фунти за зајакнување на воздушната одбрана на Украина во текот на зимата

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран