Утрински Весник
Македонија

Тетово донира 1 милион денари за Турција и за Сирија

Тетово донира 1 милион денари за Турција и за Сирија

Советот на општина Тетово на вонредната седница одржана денеска додели средства во вредност од 1 милион денари во овие тешки денови за турскиот и сирискиот народ.

dobivaj vesti na viber

Дополнително, беше изгласан предлог за формирање комисија за следење на постапката за собирање и доставување помош за земјите погодени од земјотресот.

Ќе се формираат пунктови, каде што граѓаните ќе може да им помагаат на турските и на сириските граѓани со облека и разни работи според нивната волја и можности.

Исто така, набргу ќе биде отворена и посебна жиро-сметка, на која граѓаните, оние што може да си дозволат, ќе може да помогнат со финансиски средства.

Можете да прочитате

Денеска се празнува Преподобен Григориј Декаполит

Филипче: Буџетот не е социјален, ниту развоен, не ги поддржува ранливите групи и нема капацитет да издржи криза

Сите камери на МВР сега мапирани: Апликацијата ги покажува локациите