Силниот катастрофален земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала, кој на 6 февруари 2023 година ги погоди Турција и Сирија, предизвика големи човечки загуби и материјална штета.
Сојузот на стопанските комори на Македонија изразува длабоко жалење и сочувство до народот на Турција и на Сирија и повикува на заедничко обезбедување солидарна помош и поддршка. За таа цел, како што соопштуваат, се организира хуманитарна акција за прибирање средства во рамките на која сите заинтересирани членови во согласност со своите можности, може да донираат на:
Сметката на Сојузот на стопанските комори на Македонија: 300000004376288, Комерцијална банка АД Скопје, цел на дознака донација.
Прибраните средства, како што соопштија, ќе бидат уплатени на сметката на Црвениот крст.
„Хуманитарноста, сочувството и споделувањето на предизвиците со цел нивно полесно надминување се основните начела на кои се потпира Сојузот и затоа веруваме дека вие како наши членки ќе ја препознаете неопходноста на она што се прави и соодветно ќе постапите“, се потенцира во информацијата.