Утрински Весник
Спорт

Вилијамс го покажа новиот болид

Вилијамс го покажа новиот болид

Тимот на Вилијамс претстави болидот со кој ќе се натпреварува во Светскиот шампионат во Формула 1 во 2023 година. Новиот болид го краси мат сина боја и ја носи ознаката „Williams FW45“.

dobivaj vesti na viber

Вилијамс објави дека со новиот болид „ја искористиле можноста во голема мера да го развијат концептот на страничните подножја (странични аеродинамички компоненти, благодарение на оптимизацијата на распоредот за ладење на агрегатот“.

И десетта година по ред болидот на Вилијамс ќе го придвижува мотор на Мерцедес.

Тимот, исто така, вети дека „FW45“, ќе биде аеродинамички поефикасен од неговиот претходник „FW44“, со модификации на распоредот на предната суспензија и главните надворешни аеродинамични површини, исто така, вградени во дизајнот на новата машина.

Британскиот тим втора година по ред ќе го вози Алекс Албон, а негов колега ќе биде дебитантот Логан Сарџент.

Сарџент е првиот Американец во Ф1 од 2015 година, кога во најбрзиот циркус возеше Александар Роси.

Албон и Сарџент ќе го тестираат „FW45“, во Силверстон на 13. февруари под будното око на амбасадорот на Вилијамс, светскиот шампион од 2009 година Џенсон Батон, пред тимот да се пресели на предсезонските тестирања во Бахреин на 23-25. февруари.

Покрај со нов возач, Вилијамс во 2023 година влегува и со нов тимски директор Џејмс Вовлес, кој беше промовиран од позицијата директор за стратегија по заминувањето на Јост Капито.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност