Утрински Весник
Магазин

(Видео) Сопственичка покажа како го научила своето милениче на мазење

(Видео) Сопственичка покажа како го научила своето милениче на мазење

Мачките се познати како своеглави, мистериозни и резервирани суштества, но како и секое друго живо суштество, така и тие умеат да искажат љубов. Единствено ви треба малку поинаков пристап.

dobivaj vesti na viber

Тие не се како кучињата склони кон претерано мазење. Сепак, мачорот Пакито докажува дека можат да се научат од мали. Неговата сопственичка сподели видео на „Тик-ток“ во кое објаснува дека го мазела своето милениче уште кога бил мал и секој ден го бакнувала на врвот на главата.

„Сега бара бакнеж секоја вечер пред спиење“, додава таа.

@paquito_thecat Sharing how I raised my cat to be cuddly. Follow for more! #cat #catsoftiktok #fyp #catlover #purring #asmr ♬ original sound – Paquito Del Barrio

Видеото собра преку 800.000 прегледи, а многумина ги споделија своите искуства во делот за коментари.

„Некогаш и јас правев така, ама сега мојата мачка бега од мене“, „Мојата мачка сака да се мази и не би го менувала тоа за цел свет“, „Се обидов така и не успеа. Мојот мачор сака мазење но мрази бакнежи“, беа некои од коментарите.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста