Внукот на Мајкл Џексон, Џафар Џексон, ќе го глуми ликот на поп-иконата во биографски филм во режија на Антоан Фукуа, авторот на Training Day („Ден за обука“).
„Горди сме што можеме да го објавиме @jaafarjackson како Мајкл во филм кој го истражува патувањето на човекот кој стана крал на поп музиката“, објави Фукуа на „Инстаграм“. „Доаѓа наскоро.”
Џафар е 26-годишен син на басистот и пејач на бендот „Џексон Фајв“ Џермејн Џексон, еден од постарите браќа на кралот на попот.
И Џафар се огласи на „Инстаграм“ со своја објава, каде напиша: „Понизен сум и почестен што можам да ја оживеам приказната на мојот вујко Мајкл“, а на обожавателите им вети „Се гледаме наскоро“.
Мајкл Џексон беше еден од најпознатите и најконтроверзните уметници на сите времиња кога почина во 2009 година на 50-годишна возраст од акутна интоксикација со пропофол.