Утрински Весник
Свет

По земјотресот во Турција и Сирија околу 2.600 загинати, најмалку 11.000 повредени

По земјотресот во Турција и Сирија околу 2.600 загинати, најмалку 11.000 повредени
Dik 300x250 mk

Според последните податоци, во земјотресите што денеска ги погодија Турција и Сирија загинаа 2.619 лица, а повредени се најмалку 11.119 лица.

dobivaj vesti na viber

Турското Министерство за здравство соопшти дека бројот на загинати во земјотресот во понеделникот се искачи на 1.651, пренесува Ал Џезира.

Најмалку 11.119 лица се повредени во земјотресот, додава Министерството.

Шефот на турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби изјави дека 6.445 луѓе се спасени од урнатите згради по земјотресот.

Тој рече дека најмалку 5.606 згради биле уништени по потресите што ја погодија југоисточна Турција.

Според владините и спасувачките групи, бројот на загинати во Сирија по земјотресот се искачи на 968.

Во земјотресот повредени се најмалку 1.353 во деловите на Сирија кои се под контрола на владата, вклучувајќи ги провинциите Алепо, Хама, Латакија и Тартус, соопшти Министерството за здравство.

Во деловите на северозападниот дел на земјата, кои се под контрола на бунтовниците, загинаа најмалку 430 луѓе, а повеќе од 1.050 се повредени, соопшти спасувачката група „Бели шлемови“, предупредувајќи дека бројот на жртвите може да се зголеми.

Можете да прочитате

Кина лансираше вселенско летало со тројца астронаути кон вселенската станица „Тјангонг“

Во Истанбул на 4 ноември состанок на министрите од исламските држави за мировниот план за Појасот Газа

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп