Утрински Весник
Спорт

Тепачка во НБА – Петмина исклучени на мечот Минесота-Орландо

Тепачка во НБА – Петмина исклучени на мечот Минесота-Орландо

Жестока тепачка на натпреварот во Минеаполис, помеѓу Минесота Тимбервулфс и Орландо Меџик ја обележа ноќта во НБА лигата.

dobivaj vesti na viber

Минесота Тимбервулфс на домашен терен беа поразени од Орландо Меџик со резултат 127:120.

Се започна со расправијата меѓу Остин Риверс, и центарот на Орландо, Мое Бамба, која речиси сигурно ќе завршеше и со поголем инцидент доколку не се вмешаа нивните соиграчи.

Покрај двајцата актери споменати во инцидентот, исклучени се и Џејлен Сугс од Орландо, како и крилните играчи на Минесота, Торијан Принс и Џејден МекДаниелс.

Можете да прочитате

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид

Скопје и Гевгелија од четврток домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години