Утрински Весник
Свет

Кина за шпионскиот балон: Смирено, ја проверуваме ситуацијата

Кина за шпионскиот балон: Смирено, ја проверуваме ситуацијата
Dik 300x250 mk

Кина соопшти дека ги разгледува американските извештаи дека кинески шпионски балон бил забележан како лета низ воздушниот простор на САД. Пекинг повика на смиреност.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Мао Нинг изјави дека нема информации дали планираната посета на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Кина ќе се одржи.

„ Кина е одговорна земја и секогаш строго го почитува меѓународното право и нема намера да ја нарушува територијата и воздушниот простор на која било суверена земја. Што се однесува до балонот, ние ја разгледуваме и проверуваме ситуацијата и се надеваме дека двете страни ќе се справат со тоа мирно и внимателно“, рече Мао.

САД и Канада денеска соопштија дека следеле шпионски балон кој летал на голема височина над САД и над чувствителни воени локации.

Синоќа, Пентагон објави присуство на балон за кој се верува дека е кинески во воздушниот простор на САД, а канадската влада денеска објави дека истражува „уште еден потенцијален инцидент“.

Блинкен требаше да пристигне во Кина денеска во услови на зголемени тензии меѓу Пекинг и Вашингтон околу трговијата, Тајван, заштитата на човековите права и територијалните претензии на Кина во Јужното Кинеско Море.

Можете да прочитате

Турција издаде налог за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху и други поради геноцид во Газа

Американскиот притисок го спречи договорот: „Гунвор“ ја повлече понудата за купување на „Лукоил“

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан