Утрински Весник
Магазин

Пред да стане актер, Брус Вилис работел во нуклерана централа

Пред да стане актер, Брус Вилис работел во нуклерана централа

Брус Вилис, кој во изминативе неколку децении се прослави со низа блокбастери, минатата година се повлече од светот на филмот поради болест

dobivaj vesti na viber

Неколку децении во актерството беа исполнети со успех за холивудската легенда (67), но што многу од неговите фанови не знаат со каква работа се занимавал во младоста.

Пред да стане познат со акционите блокбастери,  Вилис работел во нуклеарна централа како службеник за безбедност во средината на 70-тите Тоа било негово прво работно место по завршувањето на средното училиште.

Во претходни интервјуа, Вилис откри дека на моменти било прилично опасно и дека се пробивал низ снег за да провери дали сè е во ред околу погонот. Тој се спуштал дури 100 метри под земја.

Вилис работел и како приватен детектив, а и возач на камион. Во слободното време свирел усна хармоника во својот блуз бенд.

Актерската кариера ја започна во Off-Broadway претстави, а се прослави со улогата во ТВ-серијата „Случајни партнери“ или Moonlighting.

Брус Вилис и Сибил Шепард во хит-серијата „Случајни партнери“.

Во текот на својата кариера, харизматичниот Вилис сними повеќе од 70 филмови, а како што рече во една прилика, работата како приватен детектив му помогнала во некои улоги.

Можете да прочитате

Најдобро растение за контрола на високиот холестерол

Кое е најдобро време за појадок

Загрижувачко истражување: Утврдено високо ниво на хербициди во спермата