Утрински Весник
Магазин

Бизарен магионичaрски трик на аудиција на британското шоу за таленти

Бизарен магионичaрски трик на аудиција на британското шоу за таленти

Аудициите на натпреварувачкото шоу „Британија има талент“ (Britain’s Got Talent) се во тек и настана хаос во публиката кога главата на главниот судија Сајмон Ковел се чинеше дека е запалена, објави „Мирор“.

dobivaj vesti na viber

Главниот судија и поранешен шеф на „Икс фактор“ бил изведен на сцената од маскиран магионичар натпреварувач, кој му кажал да седне на стол и му ставил качулка над главата на најновите аудиции во Лондон.

Потоа му истурил течност низ целата качулка и ставил кутија врз неговата глава. Предниот дел од кутијата бил отворен за публиката да види што се случува внатре. Магионичарот фрлил пламен во кутијата и неговата глава се запалила.

Публиката почнала да вреска, судиите станале од своите места, сите биле тотално запрепастени. Пламенот набрзо бил изгаснат. Сајмон станал и изгледал малку потресен.

Подоцна, самиот Ковел (63) го искоментира бизарниот трик: „Можев да почувствувам како поливаат течност врз мене, но не знаев дека е запалива течност!“

Неговата колешка Алиша Диксон била преплашена.

„Сајмон, ти ја запалија главата. Беше страшно да се гледа, ти си многу храбра личност кога дозволи да се случи тоа. Сфатив и колку се грижиме за тебе, бев подготвена да скокнам на сцената и да те спасам,“ му рече Алиша.

„Кога ја видов главата на Сајмон во таа направа, бев како маѓепсан. Никогаш не сум видел такво нешто”, коментира Бруно Тониоли, друг член на жирито. Тој нагласи дека сето тоа изгледало како сцена од хорор филмот “Сложувалка на стравот“.

Во натпреварувачкото шоу „Британија има талент“ доаѓаат најразлични луѓе, од пејачи, магионичари, комичари, танчари и други, но се чини дека ветеранот на британските шоуа за таленти никогаш нема да ја заборави најновата аудиција.

Можете да прочитате

Генералната проба во Малме за учесниците на втората полуфинална вечер од „Евросонг“ под засилена полициска контрола

Србија, Хрватска и Словенија во финалето на „Евросонг“

Една порција – само 16 калории, а го намалуваат ризикот од рак и срцеви заболувања