Утрински Весник
Спорт

Челси ќе може да регистрира само тројца од новите за ЛШ

Челси ќе може да регистрира само тројца од новите за ЛШ

Челзи го сруши рекордот по трансфери во една сезона. Лондонскиот клуб минатото лето и во јануарскиот преоден рок потроши дури 597 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Само во јануари Челзи потроши 329,5 милиони евра, што е дури 43 отсто од вкупната трансфер вредност на Премиер лигата, најсилната фудбалска лига во светот. Челзи донесе седум играчи, но се најде во проблем бидејќи само тројца од тие седум ќе можат да играат во Лигата на шампионите.

Челзи го донесе Енцо Фернандез за 121 милион евра, што е рекорд во Премиер лигата. Пред него пристигнаа Михајло Мудрик (Шахтјор, 70 милиони), Беноа Бадијашил (Монако, 38 милиони), Нони Мадуке (ПСВ, 35 милиони), Андреј Сантос (Васко де Гама, 12,5 милиони), Давид Датро Фофана (Молде, 12 милиони) и Жоао Феликс од Атлетико Мадрид на позајмица за 11 милиони евра.

Бидејќи Феликс веднаш влезе во првиот тим, се очекува да биде пријавен за Лигата на шампионите. Заедно со него тренерот Греам Потер најверојатно ќе ги одбере Фернандез и Мудрик.

Тоа значи дека Бадијашил, Мадуке, Сантос и Датро, играчи платени 97,5 милиони евра, натпреварите од Лигата на шампионите ќе ги следат од трибините.

Во осминафиналето на Лигата на шампионите, Челзи игра против Борусија Дортмунд. Првиот натпревар во Германија е на 15. февруари, а реваншот на 7. март во Лондон.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари