Една од водечките IT компании во светската iGaming индустрија, македонскиот BtoBet, се стекна со регулаторна дозвола која ќе ѝ овозможи да почне да ги обезбедува своите услуги и водечка технологија на пазарот во Северна Америка.
Според Тсахи Маимон, претседател на групацијата NeoGames од која BtoBet е дел, ова е важна пресвртница за компанијата која се стреми да го прошири своето глобално присуство преку позиционирање во перспективниот северноамерикански регион.
„Навистина сме возбудени што сме во позиција да започнеме со испорачување на нашата врвна технологија за електронско спортско обложување на клиентите во Онтарио. Оваа дозвола која инаку ја издава Комисијата за алкохол и игри на Онтарио (AGCO) е потврда за способноста на BtoBet да ја прилагоди својата понуда според барањата на различните пазари“, истакна Маимон, додавајќи дека безбедноста на играчите кои ја користат онлајн платформата за спортско обложување на компанијата останува број еден приоритет.
Регулаторното одобрување од AGCO доаѓа по неодамна стекнатиот „GLI-33“ сертификат за усогласеност кој практично го забрза доближувањето на BtoBet до државите во Северна Америка каде електронското спортско обложување е легализирано или во процес на легализација.
Во моментов, македонскиот BtoBet има водечка позиција на регулираните пазари во Европа, Латинска Америка и Африка со повеќе од 30 склучени партнерства меѓу кои светските William Hill, Betfair, FanDuel, Intralot и други.
ПР