Утрински Весник
Спорт

Ел класико во полуфиналето во Купот на кралот

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Ждрепката ги спои Реал и Барселона во полуфиналето, во Купот на кралот. Првиот натпревар на програмата ќе биде наредната недела. За разлика од претходните рунди, во полуфиналето ќе се играат два натпревари (дома/гости).

dobivaj vesti na viber

Барселона и Реал Мадрид неодамна играа во финалето на шпанскиот Суперкуп кога Каталонците победија со 3:1. Тоа беше нивното второ соочување од почетокот на сезоната. Првото „Ел Класико“ во првенството го доби Реал со 2:1.

Втората полуфинална двојка ја формираа Осасуна и Атлетик Билбао.

Првите полуфинални натпревари во Мадрид и Памплона ќе се играат на 8. и 9. февруари, додека реваншите во Барселона и Билбао се закажани за 2. и 3. март.

Можете да прочитате

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум

Карпош домаќин на Европско првенство во кинеско борење

Вардар рутински против Шкупи, Пелистер ја совлада Македонија ЃП