Утрински Весник
Магазин

Џереми Ренер го прегазила машина за чистење снег додека се обидувал да го спаси својот внук

Џереми Ренер го прегазила машина за чистење снег додека се обидувал да го спаси својот внук
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Актерот Џереми Ренер се обидувал да спречи машина за чистење снег да удри во внук му, но тој самиот настрадал од машината, која се залетала кон него и го згмечила, дознава британски Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Според полицискиот извештај, Џереми, ѕвездата на „Марвел“, го користел својот плуг PistenBully, тежок шест тони, за да му помогне на Александар Фрис да го исчисти снегот од својот автомобил.

Но, големото возило почнало да се тркала по ридот, се наведува во извештајот на одделот на шерифот на округот Вашо.

Ренер во несреќата добил повреди на торзото, лицето, екстремитетите и на главата.

Актерот оттогаш закрепнува во болница.

Ренер претходно изјави дека во инцидентот скршил повеќе од 30 коски, но нагласи дека тие ќе зајакнат исто како што се продлабочува љубовта и врската со семејството и пријателите.

Несреќата се случи околу новата година, во близина на автопатот Маунт Роуз, кој ги поврзува езерото Тахо и јужниот Рено, на границата меѓу Невада и Калифорнија.

Можете да прочитате

Витаминот Ц како можна заштита од штетните ПМ честички

Вечер на класична магија – Пијано концерт на Арда Мустафаоглу во „Џевахир мол”

Зимска магија, улична храна и врвна музика на WINTERFESTIVAL пред СЦ „Борис Трајковски“