Утрински Весник
Спорт

Адеми доби понуда од Штутгарт, но Динамо Загреб не му дозволува да замине

Адеми доби понуда од Штутгарт, но Динамо Загреб не му дозволува да замине

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми има понуда од германскиот прволигаш Штутгарт и сака да се пресели во Бундеслигата, но тренерот на Динамо Загреб, Анте Чачиќ, кој сега има двојна улога во клубот и како спортски директор, не му дозволува да замине од „Максимир“.

dobivaj vesti na viber

Ова ја прави ситуацијата во клубот многу нервозна, а соиграчите го поддржуваат Адеми.

Адеми од 2010 година е член на Динамо Загреб и рекордер е во многу статистички категории, па заслужува клубот да му излезе во пресрет за трансфер.

Тој има понуда и од турскиот прволигаш Адана Демирспор. Тренерот Винченцо Монтела лично инсистира токму Адеми да биде засилувањето на Адана во средниот ред.

Можете да прочитате

Шкупи ги упати првите „отровни стрели“ кон Сејдини и бара првиот човек на ФФМ веднаш да си замине

МЗТ Скопје поведе во финалната серија против Пелистер

Струга со пораз го прослави шампионскиот пехар, Шкендија ја зграпчи евро-визата