Серхио „Кун“ Агуеро, иако веќе не е активен фудбалер, повторно застана во одбрана на честа на светските шампиони Аргентина, откако Златан Ибрахимовиќ во интервју изјави дека е среќен што Лео Меси ја освоил светската титула, но дека Аргентина со такво однесување веќе нема да освои ништо. Популарниот Кун вели дека Ибрахимовиќ не е некој кој може да дава одговор на такви прашања, откако неговата Шведска воопшто не се квалификуваше на СП во Катар.
„Дали да кажам што мислам или не? Златан. Ибрахимовиќ. Ибра-химовиќ. Тоа е тешко име, подобро е да се каже Златан. Златан, пред да го кажеше тоа подобро беше да кажеш дека сакаше Франција да победи, наместо да критикуваш нечие однесување. Ако се однесувале лошо, тоа го кажуваш ти, како голем професионалец. Ти играше на високо ниво, но да се посетиме на твоето однесување. Нели? Со други зборови, не фрлаш со камења кон некого, бидејќи тие камења ќе ти се вратат. Во Аргентина велиме: Не плукај нагоре ако паѓаш. Да се потсетиме. Ананас. В Галакси некого удри со ананас, нели? Многу е непристојно да велиш дека веќе нема да победуваме. Пред да се грижиш за Аргентина, грижи се за својата земја, за твоите играчи, кои не беа на последното Светско првенство. Не се квалификуваа. И Меси победи. Можеби тоа е те лути и те боли што мораш да признаеш дека Меси е најдобар играч на светот. Тоа е фудбалот. Се сеќавам кога се тепаше со Отаменди на меч помеѓу Сити и Јунајтед. Исто така се караше со Пеп, Пеп Гвардиола. Тој сакаше да те продаде од Барселона, така што е подобро да си ја погледнеш својата кариера и да видиш како си се однесувал. Ние сме светски шампиони, а ти Златан сакаш да се убиеш поради тоа. И Меси е најдобриот на светот. Го кренавме трофејот, ти гледаше“, вели Агуеро.
“Messi on se souviendra de lui, mais les autres…”
Pour @Ibra_official, les Argentins “se sont mal comportés” après leur victoire à la Coupe du monde, face à la France. “Ils ont gagné une fois, mais ils ne gagneront plus. Parce qu’on ne gagne pas comme ça.” #le7930inter pic.twitter.com/gNdagWNmPP
— France Inter (@franceinter) January 25, 2023
Златан: Аргентина со такво однесување веќе нема да освои ништо