Утрински Весник
Свет

Синот осуден за убиство на таткото: Ме силуваше, а вие ме апсите, па каде е правдата?

Синот осуден за убиство на таткото: Ме силуваше, а вие ме апсите, па каде е правдата?
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Синот кој го избоде до смрт својот татко по долгогодишно сексуално и физичко малтретирање е осуден на 10 години затвор за убиство од небрежност.

dobivaj vesti na viber

Шон Морис (31) го избодел својот татко Пол Морис во грб и гради вкупно 33 пати во нивниот дом во Бромли, во близина на Лондон, на 14 септември 2021 година.

Шон, кој е татко на едно дете, избегал од местото на настанот преку дворот на соседот и на покривот на соседна барака. Во меѓувреме се судрил со полицијата пред да успеат да го совладаат и уапсат.

Пол, за кој судијата рече дека е ужасен татко, им рекол на соседите дека сака да живее, пред да умре на прагот од домот.

На снимката од полициската камера, Шон вели дека нема што да изгуби.

„Многумина од вас се обидуваат да ме уапсат затоа што го претепав татко ми кој ме малтретираше, ме силуваше, а вие сакате да ме уапсите. Каде е правдата?“, порача тој.

Шон го признал убиството од небрежност, но поротата го ослободила од обвинение за убиство со умисла, по повеќе од 13 часа размислување, пишува Дејли Мејл.

Можете да прочитате

Воена делегација од Либија загина во авионска несреќа јужно од Анкара

Спречен терористички напад во Турција

Унгарија: Воениот заем на ЕУ за Украина нема да донесе мир