Утрински Весник
Спорт

Прво гренд слем финале за Сабаленка

Прво гренд слем финале за Сабаленка

Тенисерката од Белорусија, Арина Сабаленка, се пласираше во првото гренд слем финале во кариерата. Сабаленка го доби второто полуфинале во Мелбурн против Магда Линет.

dobivaj vesti na viber

Петтата носителна полуфиналениот меч против најголемото изнендување, 31. годишната тенисерка од Полска, го доби во два сета (7:6, 6:2).

Линет во првиот гем направи брејк, Сабаленка возврати со иста мерка во четвртиот. До крајот на сетот двете тенисерки беа сигурни кога сервираа. Во тај брејкот, Сабаленка ја демонстрираше класата. Експресно дојде до предност 6:0 и потоа го доби првиот сет.

Вториот сет мина во целосна доминација на Сабаленка, која напаѓаше од сите позиции, направи два брејка и го заврши сетот со 6:2.

Од почетокот на годината, Сабаленка има одиграно 10 меча, победи на сите без загубен сет.

Сабаленка, во сабота за титулата ќе се бори против Елена Рибакина.

Можете да прочитате

Вардар убедлив против Работнички, Струга загуби од Силекс

ЗОИ 2026: Клебо стана првиот деветократен шампион во историјата на Игрите

Вон: Ова патување вредеше за падот