Утрински Весник
Македонија

„Повлекувањето на амбасадорот во Софија е неосновано“ – Османи смета дека Бугарија потклекнува на провокации

Османи: Македонија нема да ги признае референдумите за присоединување на украински територии со Русија

Бујар Османи, министер за надворешни работи изрази жалење оти Бугарија го повлече амбасадорот во Македонија, Ангел Ангелов.

dobivaj vesti na viber

Смета дека тоа е неосновано, а источниот сосед потклекнал пред провокациите. Според него, треба да се продолжи ладнокрвно и внимателно, за да се заштитат интереси, а не како што вели: „да се качиме на вагонот на емоциите на јавноста, за да се добијат краторочни аплаузи, а да се направат долгорочни проблеми“

„Последните активности на Софија не се во согласност со договорената практика за подобрување на односите, туку се потклекнување на провокациите. Повикувањето на амбасадор во матичната држава можеби е вообичаена пракса, МНР изразува жалење за ваквиот чекор кој сметаме дека е неоснован, непоткрепен со валидни аргументи и непропорционален“, кажа Османи.

Го осудил настанот поради загриженоста на родителите на Христијан Пендиков, а откако имало првична проценка на Обвинителството.

„Последниот инцидент го ставивме низ правосудните процеси. Ние го осудивме настанот, остварив посета во Софија каде што уште еднаш ја демонстриравме одлучноста на државните органи за одржување на правна сигурност. Нашата осуда беше откако охридското Обвинителство имаше првична проценка дека инцидентот е поради идентитетски обележја“, додаде Османи.

Можете да прочитате

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм