Утрински Весник
Свет

Британското разузнавање: Русите најверојатно го отстранија клучниот командант

Британското разузнавање: Русите најверојатно го отстранија клучниот командант

Британското Министерство за одбрана во дневниот извештај за ситуацијата во Украина наведува дека руските власти најверојатно го разрешиле генерал-полковникот Михаил Теплински, клучниот командант на оперативните сили во Украина.

dobivaj vesti na viber

Теплински водеше релативно успешно руско повлекување од западниот брег на Днепар во ноември 2022 година, а многумина во Русија го пофалија како способен командант.

Останува сомнително дали Теплински ја задржал својата дополнителна функција како шеф на ВДВ, руските воздухопловни сили, според Министерството.

Можно е да е разрешен поради улогата што ВДВ ја играше на бојното поле. Имено, ВДВ честопати беше испраќан на линијата на фронтот и ја преземаше функцијата што традиционално ја имаше механизираната пешадија.

Отстранувањето на Теплински е веројатно уште еден показател за поделби меѓу водачите на операцијата на Русија во Украина, бидејќи новоименуваниот началник на Генералштабот на руската армија, Валери Герасимов, се обидува да го потврди својот авторитет,пренесе Индекс.хр.

Можете да прочитате

Туск свика состанок со безбедносните служби поради закана за шпионажа

Гутереш: Израелска офанзива врз Рафа би била стратешка грешка и хуманитарен кошмар

Автобус излетал од пат во Перу, најмалку 10 лица загинале