Утрински Весник
Спорт

Куман стана холандски селектор и вети „поинаков напаѓачки стил“ од тој на Ван Гал

Куман стана холандски селектор и вети „поинаков напаѓачки стил“ од тој на Ван Гал

Роналд Куман официјално ја презеде селекторската позиција во холандската репрезентација, ветувајќи дека „оранје“ повторно ќе играт атрактивен и напаѓачки фудбал, откако под Луис ван Гал тие загубија во четврт-финалето на Светското првенство во Катар од Аргентина.

dobivaj vesti na viber

59-годишниот Куман, кој по вторпат седнува на селекторската позиција, најави дека повторно ќе игра со четири дефанзивци, наместо со три централни бека и две крила како што играше Ван Гал во последните 18 месеци. Поранешниот тренер на Барселона, Куман го предводеше холандскиот тим од 2018 до 2020.

„Видов моменти на нашите мечеви на кои помислив: ‘Ова може да се направи поинаку, мора да биде поинаку’. Во Холандија ние се обидуваме да играме добро, атрактивно и напаѓачки, што понекогаш е тешко. Ќе биде неверојатно ако можам да го направам истото како Ван Гал – 20 меча без пораз, но сепак, мислам дека тоа треба да се направи поинаку“, вели Куман.

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024