Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ признава: Не е најлесно со оваа повреда

Ѓоковиќ признава: Не е најлесно со оваа повреда
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Новак Ѓоковиќ повторно беше убедливо подобар од Григор Димитров во уште една гренд слем пресметка, совладувајќи го бугарскиот тенисер во три сета на Австралија опен, но кај неговите фанови има очигледна загриженост по неговата повреда на мускулот на ногата, која беше највидлива по крајот на првиот сет, кога тој побара медицинска пауза.

dobivaj vesti na viber

„Ситуацијата не е идеална, многу е неизвесно како ќе се однесува мојата нога. Може да се случи било што. Еден погрешен потег, вртење, отскок… И потоа следуваат нови проблеми. Така беше и сега во неколку моменти, повеќе од претходниот меч. Продолжувам со истата рутина на опоравување, не тренирам во деновите пауза за да дадам повеќе време ногата да се опорави“, изјави Ѓоковиќ.

Тој признава дека ситуацијата се влошува како што мечот трае подолго.

„Секогаш почнувам добро, но потоа по некое движење ситуацијата ќе се влоши. Лековите потоа помагаат, но потоа ќе престане ефектот и болките ќе се вратат. Како на ролеркоустер, а поради тоа трпам и емотивно. Но, се помирив и среќен сум што можам да играм, бидејќи во првото коло мислев дека ќе морав да се откажам“, додава Србинот.

Можете да прочитате

Гвардиола незадоволен и по убедливата победа над Вест Хем

Алонсо: Победивме, но Реал може и мора подобро

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо со гол против Севилја