Утрински Весник
Магазин

Ченинг Тејтум: Мислам дека нема повторно да се женам

Ченинг Тејтум: Мислам дека нема повторно да се женам
Dik 300x250 mk

Еден од најзгодните холивудски актери, Ченинг Тејтум, проговори за разводот од актерката Џена Деван, со која беше во брак девет години.

dobivaj vesti na viber

Актерот (42) ја запозна Џена на снимањето на филмот Step Up во 2006 година. Се венчаа во јули 2009 година, а четири години подоцна добија ќерка.

Сепак, во 2018 година, парот објави дека се разделува. Разводот беше финализиран во ноември 2019 година.

Во новото интервју за „Венити фер“, Ченинг објасни како се родила идејата за развод откако станале посвесни за своите разлики.

„Долго време се боревме за љубовта, иако и двајцата бевме свесни дека на некој начин веќе сме разделени“, рече тој.

Ченинг е во врска со актерката Зои од 2021 година, откако почнаа да работат заедно на нејзиниот филм P***y Island.

И покрај оваа нова врска, Ченинг, која исто беше во врска со пејачката Џеси Џеј, изјави: „Не знам дали некогаш повторно ќе се оженам. Врските се тешки“.

„Во бизнисот навистина не се плашам дека нешто ќе биде уништено, но кога станува збор за луѓето што ги сакам, мене ми е многу тешко. Секогаш се трудам премногу,“ рече актерот.

Ченинг Тејтум во изданието на „Венити фер“ зa февруари 2023 година

Можете да прочитате

Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?

Необична пресуда во Франција: Сопственичка на маче казнета со 1.250 евра

Четири грешки во кујната што ја намалуваат хранливата вредност на вашите оброци