Утрински Весник
Магазин

Мис Украина: мис Русија неколкупати ме замоли да се фотографираме заедно

Мис Украина: мис Русија неколкупати ме замоли да се фотографираме заедно

Помина уште еден натпревар за мис универзум, а престижната титула ја освои Американката Р’Бони Габриел. Аманда Дудамел од Венецуела беше крунисана за прва придружничка, Андреина Мартинез од Доминиканска Република втора придружничка.

dobivaj vesti na viber

Покрај победничката, внимание на годинешното натпреварување привлекоа и претставничките на Украина и Русија.

По завршувањето на изборот, Украинката Викторија Апанасенко проговори за односот со Ана Линикова, претставничката на Русија.

„Напорите на Украина да ја исклучи руската претставничка од изборот за убавина беа неуспешни“, изјави Викторија за украинскиот ТВ-канал „ТСН њуз“.

„Работевме многу на тоа, но доби американска виза и тоа го реши нејзиното учество на натпреварот. Штом Американците ѝ дадоа виза, организацискиот одбор не може да ја исклучи од натпреварот“, објасни Украинката.

Викторија откри дека Русинката постојано барала да се фотографира покрај неа на натпреварот. „Нејзиниот организациски одбор ја советувал да направи селфи со мене“, изјави Викторија.

„Ова не е првпат да се обиде да го направи ова. Имам само едно прашање за неа и досега не добив одговор: дали ја поддржува политиката на својот претседател, кој ја почна војната во Украина или не. Неколкупати се понуди да направи ‘пријателска фотографија’,“ вели Викторија.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста