Утрински Весник
Магазин

Пласидо Доминго се соочува со нови обвинувања за недолично однесување

Пласидо Доминго се соочува со нови обвинувања за недолично однесување
Dik 300x250 mk

Оперската ѕвезда Пласидо Доминго се соочи со нови обвинувања за сексуално вознемирување од шпанска пејачка во ТВ-програма што се емитуваше во неделата вечерта, и тоа три години откога таквите тврдења предизвикаа извинување и ја скратија неговата кариера.

dobivaj vesti na viber

Во истрагата од 2020 година, повеќе од триесетина пејачки, танчарки, музичарки, професори по пеење и персонал зад сцената рекоа дека биле сведоци или доживеале несоодветно однесување на Доминго (83) во текот на три децении. Доминго не призна никаква вина.

Најновото обвинување дојде од неидентификувана пејачка на шпанскиот телевизиски канал „Ла Секста“. Појавувајќи се како темна фигура, таа рече дека пред 20-ина години Доминго сакал да ја допира во театар во Шпанија. Во друга пригода се обидел да ја бакне.

„Една од првите работи што ти ја кажуваат е да не се качуваш во лифт сама со Пласидо Доминго“, изјави жената за ТВ-каналот „Ла Секста“.

Таа раскажа како Доминго наводно побарал да ја допира по проба во театарот.

Претставниците на Доминго не одговорија на барањето за коментар.

Истрагата од 2020 година на Американското здружение на музичките уметници (AGMA) заклучи дека Доминго се однесувал непримерно.

Можете да прочитате

Скандал во Велес: Цеца го прегрна бугарското знаме!

Темните фармерки нема да избледат ако ја додадете оваа состојка во машината за перење

Малезискиот корона-град на духови полека заживува