Утрински Весник
Спорт

Лазаров: Треба да се мобилизираме за мечот со Аргентина

Лазаров: Треба да се мобилизираме за мечот со Аргентина
Dik 300x250 mk

Ракометната репрезентација на Македонија загуби убедливо (24:34) и од Холандија во вториот настап на Светското првенство. Повторно е тоа пораз со двоцифрена разлика, а селекторот Кирил Лазаров смета дека мора да се мисли и на достоинството на националниот тим.

dobivaj vesti na viber

„Не е срамота да се изгуби од Холандија, не е срамота да се изгуби и од Норвешка, но боли разликата. Јас и пред мечот им кажав дека треба да знаат да победуваат за да ја достигнат нашата генерација и да ја надминат. И ние кога почнувавме исто беше вака, оваа генерација побрзо ќе порасне. Треба да се работи многу во иднина, сега не е време за анализа, ќе имаме време и за тоа. Треба да се обидеме да се мобилизираме и да одиграме еден добар натпревар против Аргентина каде што ќе бидеме конкурентни за победа“, изјави Кире Лазаров.

Македонија утре (18 часот) го игра последниот меч од групата против Аргентина во „Таурум арена“ во Краков.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата