Утрински Весник
Спорт

Денеска вистински тест за Лазаров и Македонија – можеме ли до победа над Холандија?

Денеска вистински тест за Лазаров и Македонија – можеме ли до победа над Холандија?

Подмладената и обновената македонската ракометна репрезентација немаше најдобар старт на Светското првенство во Полска и Шведска, по убедливиот пораз од моќната Норвешка во првото коло, но денеска против Холандија треба подобро да го видиме нашиот квалитет и вистинската сила на селекцијата на Кирил Лазаров.

dobivaj vesti na viber

Иако Холанѓаните во првото коло со победата над Аргентина ја забележаа својата прва победа на еден ракометен Мундијал, ќе биде тешко да се каже дека Македонија е фаворит во пресметката со „оранје“. Холанѓаните последните неколку години драстично го кренаа квалитетот на својот машки, но и женски ракомет, а во тимот го имат и ракометарот на ПСЖ, Лук Стеинс, кој беше во тимот на првенството на ЕП минатата година.

Македонската репрезентација, пак, нема многу искуство во своите нозе, без досегашните лидери на репрезентацијата, така што можеби е време да се создаде некоја нова ракометна ѕвезда во нашиот тим. Лазаров нема да може да смета на повредениот бек на Вардар, Томислав Јагуриновски, што може да биде поголема пречка.

Македонија и Холандија досега немаат меѓусебни дуели, а првата пресметка почнува во 18.00 часот.

Фото: РФМ

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина