Утрински Весник
Македонија

Стоилковски: Пратениците во Собранието немаат мандат од народот за промена на Уставот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги деблокира законите за енергетика и за помош во време на криза

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на бараните уставни измени од страна на коалицијата на криминалот и корупцијата СДС и ДУИ е непроменет. Ова Собрание, овој собраниски состав нема мандат од народот за промена на Уставот под притисок на соседни држави“, нагласи Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ при одговарање на новинарско прашање за став на ВМРО-ДПМНЕ по однос на уставните промени.

dobivaj vesti na viber

Стоилковски додаде дека европската иднина со оваа владејачка коалиција на СДС и ДУИ е загрозена, а тоа го говорат и анкетите.

„ Она што можам да го истакнам по сите овие барања е дека европска иднина со владејачката коалиција на криминалот и корупцијата е загрозена и тоа го кажуваат и фактите и анкетите. А, тие велат дека само 13% од граѓаните сметаат дека државата се движи во правилна насока, постојат рекордни 53% од граѓаните кои сметаат дека квалитетот на живот им назадувал, а довербата во правосудниот систем е 3-4%, не се верува во правна држава, не се верува во европски исчекор, постои катастрофална економска состојба, последни сме по раст, а втори сме по мизерија во Европа“, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Така што уште еднашка ќе повторам дека овој собраниски состав, овие пратеници во Собранието немаат мандат за промена на Уставот. Единствено за што треба да се разговара е што поскоро да се соберат и да се организираат предвремени парламентарни избори“, децидно рече Стоилковски.

Можете да прочитате

Второ пријавување за упис во средните училишта на 30 јуни, слободни над 16 000 места

Пред пратениците на 58. седница предлог-законите од Реформската агенда

Сончево и многу топло, до 40 степени