Најмалку пет лица загинаа, а 27 се повредени, меѓу кои шест деца, откако руска ракета погоди станбена зграда во Днепар, изјави регионалниот гувернер Валентин Резниченко. Службеникот објави фотографија од урнатата зграда на социјалната мрежа Телеграм, пренесе АФП.
Досега се спасени 15 лица кои беа затрупани под дел од станбениот блок кој беше претворен во урнатини во облак од чад.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот профил на Твитер напиша дека „продолжува расчистувањето на урнатините во Днепар, дека сите служби работат“ и дека потрагата по лицата заробени под бетонските блокови е во тек.
Eternal memory to all whose lives were taken by 🇷🇺 terror! The world must stop evil. Debris clearance in Dnipro continues. All services are working. We’re fighting for every person, every life. We’ll find everyone involved in terror. Everyone will bear responsibility. Utmost. pic.twitter.com/zG4rIF8nzC
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) January 14, 2023
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска ги повика Групата седум најразвиени економии (Г7) и Европската унија да ја санкционираат руската индустрија за ракети и дронови и „без одлагање“ да ги спроведат санкциите предложени од неговата земја.
„ Секој ракетен бараж дополнително ги исцрпува резервите на Русија. Сепак, тие сè уште се способни да произведуваат нови. Можеме и мораме да ја убиеме нивната индустрија за ракети и дронови со огромни санкции. Ги повикувам Г7 и ЕУ да ги спроведат соодветните санкции предложени од Украина без одлагање“, напиша тој.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко објави дека во градот имало експлозии и дека во тек се операции за противвоздушна одбрана, пренесе Би-Би-Си.
Министерот за енергетика Херман Халушченко предупреди на „тешки денови“ бидејќи руските ракетни напади оштетија енергетски објекти во шест украински региони Харков, Лавов, Ивано-Франковск, Запорожје, Виница и Киев.
Rusya, Ukrayna’nın Dnipro kentini vurdu! https://t.co/o0y1d0IkiA #haber #SONDAKIKA pic.twitter.com/mjsdRgUULH
— Nöbetçi Gazete (@NobetciGazete) January 14, 2023
Како резултат на претходните ракетни напади утринава, 11 региони на Украина во моментов спроведуваат вонредни целодневни прекини за да ја зачуваат енергијата.