Утрински Весник
Свет

Масовен штрајк во Велика Британија, над 70.000 вработени на 150 универзитети ќе протестираат 18 дена

Масовен штрајк во Велика Британија, над 70.000 вработени на 150 универзитети ќе протестираат 18 дена

Повеќе од 70.000 вработени на 150 универзитети во Велика Британија ќе штрајкуваат 18 дена во периодот од февруари до март доколку во меѓувреме не се постигне договор за зголемување на платите и подобрување на работните услови, објави денеска Синдикатот на универзитетите и колеџите (УСУ).

dobivaj vesti na viber

Од Синдикатот изјавија дека се ближи рокот во кој универзитетскиот сектор треба да се договори за покачување на платите, во спротивно ќе се организира штрајк.

Генералниот секретар на УСУ, Џо Грејди, рече дека Синдикатот бара зголемување на платите откога работодавците одобрија пораст од само три отсто во време кога инфлацијата беше двоцифрена, објави „Ројтерс“.

Велика Британија го забележа својот најголем бран штрајкови во последните децении во голем број сектори, вклучувајќи ги здравството, железничките и граничните услуги минатиот месец, при што работниците бараат зголемување на платите во согласност со инфлацијата, која е на највисоко ниво во последните 40 години и достигна 10,7 отсто во ноември.

Можете да прочитате

Во Саудиска Арабија егзекутирани осум осуденици во еден ден

Македонска државјанка повредена во сообраќајка на Алјаска

Жена на 76 години за првпат стана мајка