Утрински Весник
Спорт

Украина остана без фудбалски селектор

Украина остана без фудбалски селектор

Селекторот на фудбалската репрезентација на Украина, Олександр Петраков, и федерацијата (УАФ) преку заедничко соопштение објавија дека ја прекинуваат соработката. Со оглед на изјавите од двете страни пред Нова година дека нема предлог за нов договор, ова не изгледа како особено изненадувачки пресврт на настаните.

dobivaj vesti na viber

Петраков беше селектор на сите јуниорски репрезентации на Украина од 2011 до 2020 година. Во тоа време ги водеше и фудбалерите до 20 години, кои станаа светски шампиони во 2019 година. Во 2021 година, Петраков првично беше назначен за привремен селектор откако Андриј Ребров не успеа да го раскине договорот со тим од Обединетите Арапски Емирати за да го преземе националниот тим.

Петраков ја предводеше Украина на вкупно 15 натпревари, на кои оствари шест победи, имаше седум нерешени средни и два порази. Сепак, Украина не успеа да се пласира во Светското првебство откако го загуби плејофот против Велс.

Засега не е јасно кој ќе биде следниот национален селектор на земјата која во моментов се бори за територијалниот интегритет по нападите на руската армија.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ