Утрински Весник
Свет

Украински војник од Соледар: Напуштени сме

Украински војник од Соледар: Напуштени сме

Украински војник стациониран во Соледар, источниот град во кој моментно се водат најжестоките борби, ја опиша за Си-Ен-Ен денешната ситуација на бојното поле. Тој рече дека војниците се чувствуваат напуштено.

dobivaj vesti na viber

Си-Ен-Ен не го откри идентитетот на војникот, од безбедносни причини. Тој изјави дека украинските војници се обиделе да се повлечат, но дека Русите веќе пристигнале.

„Ако денеска нема наредба за повлекување, најверојатно нема да имаме време да заминеме. Ни рекоа дека ќе бидеме повлечени. Сега сме едноставно напуштени. Ни снема храна, вода, а има и ранети војници. Имаме уште малку муниција“, рекол војникот телефонски за Си-Ен-Ен.

Војникот вели дека последната евакуација била пред три дена и дека наредбата била да се издржи до самиот крај.

„Другите единици се повлекоа или добија наредба да се повлечат. Ни беше кажано да издржиме. Ќе издржиме додека можеме, но секој може да се измори и на крајот да стигне до границата. Невозможно е да се издржи толку долго со само високи морал“, вели Украинецот.

Можете да прочитате

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

Апокалиптични сцени во Пакистан: Најмалку 97 жртви во поплавите 

Инсталација на гас експлодира во кафуле во Мадрид, над 25 лица повредени