Утрински Весник
Магазин

Мекларен: Речиси е невозможно помирување меѓу Хари и кралското семејство

Мекларен: Речиси е невозможно помирување меѓу Хари и кралското семејство
Dik 300x250 mk

Принцот Хари тврди дека немал намера да му наштети на британското кралско семејство со својата автобиографија, но се чини дека нејзината експлозивна содржина го прави помирувањето речиси невозможно.

dobivaj vesti na viber

„Би сакал татко ми да се врати, би сакал мојот брат да се врати“, рече тој во интервју за британскиот ТВ-канал Ај-ти-ви пред објавувањето на своите мемоари Spare („Резерва“) и додаде дека е 100 отсто убеден оти помирувањето е можно.

Но, никој, вклучувајќи го и Хари, не е поштеден во драмата што следува по објавувањето на книгата“.

Во своите мемоари Хари признава дека адолесценцијата му ја одбележале дрогата и алкохолот, а поради одлуката да ѝ ги открие на јавноста семејните тајни, неговата популарност во татковината е во остар пад. Многу мастило е потрошено и во нападот на татко му кралот Чарлс, маќеата Камила, братот Вилијам и снаата Кејт.

„Чарлс треба да биде крунисан за крал на 6 мај, но навистина не гледам како би било можно семејно помирување“, изјави за АФП, Полин Макларен, професорка на лондонскиот универзитет „Кингс Холовеј“ и автор на книга за монархијата.

„Тој изнесе толку многу работи, кои  очигледно се навредливи за членовите на семејството, лични детали што многумина сметаат дека не требало да ги објави во јавноста“, вели професорката.

„Ако тој имаше барем малку емпатија или сочувство, што би требало да биде основата на Фондацијата „Арчивел“ (која Хари ја основа со сопругата Меган Маркл), тоа некако се изгуби во сето ова“, додаде таа.

Хари откри дека татко му не го прегрнал кога му кажал дека мајка му Дијана починала кога тој имал само 12 години, туку го оставил сам во својата соба.

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои навидум изгледаат смирено

„Гугл“ привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година