Утрински Весник
Свет

Шведскиот министер Билстром: ЕУ е подготвена за долготрајна војна во Украина

Шведскиот министер Билстром: ЕУ е подготвена за долготрајна војна во Украина

Европската Унија е подготвена за долготрајна војна во Украина и ќе го поддржува Киев против руската агресија сè додека е потребно, изјави денеска шведскиот министер за надворешни работи, Тобијас Билстром, чија земја претседава со ЕУ.

dobivaj vesti na viber

„И покрај континуираните обиди на Русија да нè подели, единството во ЕУ и преку Атлантикот беше силно.

ЕУ е подготвена за долготрајна војна и ќе продолжи да ја поддржува Украина политички, економски, воено и хуманитарно сè додека е потребно“, рече Билстром на прес-конференција, пренесува „Танјуг“.

Тој исто така рече дека ЕУ ќе продолжи да работи на нови санкции против Москва во врска со нападот врз Украина по досегашните воведени девет пакет-санкции.

Можете да прочитате

Хамнеи ги повика земјите од Персискиот Залив да се обединат против „вистинскиот непријател“

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал, властите предупредуваат за зголемување на нивоата на реките

Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да се евакуираат