Утрински Весник
Македонија

(Видео) Влајнкиноски: И покрај опструкциите од СДС-ДУИ и од Костадиновска и оваа година Вевчански карневал ќе има

(Видео) Влајнкиноски: И покрај опструкциите од СДС-ДУИ и од Костадиновска и оваа година Вевчански карневал ќе има

Бисера Костадиновска уште еднаш покажува целосна отсутност и незаинтересираност за македонските обележја. Карневалот во Вевчани повторно остана, без поддршка од министерството за култура на Република Македонија, вели Ѓорги Влајнкиноски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Вевчани.

dobivaj vesti na viber

Според него, Вевчанскиот карневал е во постапка за да влезе на листата на културно нематеријално наследство. Оценува дека карневалот е препознатлив симбол за Вевчани и Македонија. А, Вевчанскиот карневал, како што вели, останува без помош од министерството и министерката Бисера Костадиновска Стојчевска.

„Никаков слух од страна на министерката и оваа криминална власт за да се помогне оваа традиционална манифестација по која е позната државава во светски рамки. До пред две години, Вевчанскиот карневал редовно беше дел од годишната програма на министерството за култура, секоја година беа покровители на овој меѓународен карневал. И покрај опструкциите од СДС-ДУИ и од Костадиновска и оваа година Вевчански карневал ќе има и тој ќе се одржи“, потенцира тој.

Вевчанци, како што вели, нема да дозволат оваа манифестација да не се одржи, нема да дозволат згаснување на традицијата, згаснување на културата и бришење на македонското нематеријално наследство. Дополни дека локалната власт предводена од градоначалникот Спасе Кочовски, како и покровители и љубители на карневалот, со сите свои напори ќе ја организираат оваа светска манифестација.

Ги повика граѓаните од 12-ти до 14-ти јануари да дојдат во Вевчани, да го посетат карневалот, со што, како што рече, директно ќе се покаже пркос кон антимакедонските политики на СДС/ДУИ.

Можете да прочитате

За првпат државата го проби рокот за исплата од „МојДДВ“, дел од скенирачите на сметки останаа без пари

Сообраќајно недоразбирање завршило со убодна рана во Тетово

Поради обилни врнежи од дожд повторно надојде Калковска Река, сообраќајот е пренасочен