Утрински Весник
Свет

Кремљ: Точни се информациите за смртта на 600 украински војници

Кремљ: Точни се информациите за смртта на 600 украински војници

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека информациите на Москва дека 600 украински војници загинале во нападот на градот Краматорск се покажале како точни и покрај информациите дека нападите ги промашиле своите цели.

dobivaj vesti na viber

„Кремљ е апсолутно убеден во точноста на тие информации, а јас ќе ве потсетам на зборовите на претседателот Владимир Путин дека главен извор на информациите било Министерството за одбрана“, изјави Песков.

Претходно, „Ројтерс“ објави дека руските ракетни напади ги промашиле нивните цели во градот Краматорск и немало очигледни знаци на штета и покрај тврдењата на Москва дека во нападите загинале 600 украински војници.

Песков ги отфрли наводите на Киев дека Дмитриј Козак, заменик-началникот на кабинетот на претседателот на Русија, неофицијално разговарал со европски претставници за мир со Украина.

„Ова е уште една лажна вест“, рече Песков.

Коментирајќи ги новите испораки на оружје од западните земји, Песков рече дека тоа „само ќе ги продлабочи страдањата на украинскиот народ“ и нема да го промени исходот од конфликтот.

„Ројтерс“ потсетува дека украинските сили постигнале одредени успеси на бојното поле и побарале помош од западните сојузници во системите за противвоздушна одбрана за да добијат предност во војната што се води од февруари минатата година.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња