Утрински Весник
Магазин

Џесика Симпсон послаба од кога било

Џесика Симпсон послаба од кога било

Џесика Симпсон изгледа послабо од кога било на вечера во Санта Моника заедно со својот сопруг Ерик Џонсон.

dobivaj vesti na viber

Тие беа забележани во „Џорџо Балди“, омилено место на славните, во саботата.

Ѕвездата на „Војводите од Хазард“ (42) на себе има фустан со животински дезен и чизми до колената.

Пејачката е честа тема во таблоидите поради нејзината драматична трансформација по слабеењето.

Џесика неодамна сподели селфи на својата инстаграм-страница и напиша дека сега може да ја облече навивачката јакна од осмо одделение.

Таа изгуби речиси 45 килограми по раѓањето на своето трето дете, но се чини дека во последно време уште повеќе ослабела.

Џесика и Ерик имаат три деца заедно – ќерката Максвел (10), синот Ејс (9) и тригодишната Брди.

Трите бремености оставија белег на фигурата на Симпсон. По третата, таа стигна до 110 килограми. Иако наводно не се срамеше од својата тежина, таа неодамна призна дека губењето 45 килограми било миг за славење.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста