Утрински Весник
Свет

Патрушев: Западот ги спасува украинските неонацисти и ги експлоатира

Патрушев: Западот ги спасува украинските неонацисти и ги експлоатира

Секретарот на рускиот Совет за безбедност и близок соработник на Путин, Николај Патрушев, рече дека Западот може да се обиде да спаси некои од најозлогласените неонацисти во Украина и да ги искористи за планирање пуч во други земји.

dobivaj vesti na viber

„Неонацистичките криминалци кои дивееја во Украина во последниве години неизбежно ќе бидат казнети“, рече тој во интервју за aif.ru кога беше прашан дали е сигурен дека целите на специјалната операција ќе бидат постигнати, пренесуваат руските агенции.

„Исто така, не е исклучено да спасат некои од најлошите за да можат да се инсталираат во други земји за организирање пуч и саботажа“, додаде Патрушев.

Тој истакна дека таквите тактики биле користени по поразот на нацистичка Германија во 1945 година. Американците, британските и западногерманските функционери исчистиле делови од Германија од нацистите, но ги користеле за да ја изградат западногерманската армија и да ги развијат американските и британските тајни служби вклучително и единицата за тајни операции во социјалистичките земји, рече претставникот.

Тој исто така истакна дека ЦИА „активно користела поранешни вработени во „Абвер“ и службата за безбедност на „Третиот рајх“ за да основаат нови германски специјални служби.

„Американците активно им помагаа на нацистичките криминалци во повоените години да развијат нови видови оружје, вклучително и оружје за масовно уништување. Истото важи и за експлоатација на јапонски воени злосторници кои развиле и користеле хемиско и биолошко оружје“, рече Патрушев.

Можете да прочитате

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија